Најновите 20 објави

Источен Петок во Пречиста Кичевска

Светлината на Пасхата не згаснува; таа продолжува да го преобразува светот. Во пролетната свежина на денешниот Источен Петок – денот посветен на радосното торжество на Животот, како и на Мајката на Животот во чест на нејзиниот живоприемен Источник– во прегратките на благодатната Пречиста Кичевска, повторно се разлеа силниот одек на Христовото Воскресение. Во нејзиниот древен…

Воскресението не е само празник, туку и начин на живот

Слово на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, изговорено на Источен Петок, по читањето на Светото Евангелие на Светата Евхаристија, во Манастирот Пречиста Кичевска, на 12/25 април 2024 лето Господово Христос воскресе! Возљубени мои во Воскреснатиот Господ, Го славиме денес она што стои во срцевината на православната вера – светото и славно Воскресение на Спасителот…

Трет ден Света Пасха во Рајчица – радоста на новото творение

Светата Пасха, таа неовоземна и надсветска реалност на преобразувањето за вечноста, продолжува да торжествува во животот на Црквата како постојана теофанија на Божјата благодат. На третиот ден од Празникот над празниците, во Манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица, повторно се вознесе Божествената Евхаристија – литургискиот израз на победата на Животот над смртта. Со…

Нашиот Емаус – каде што Воскресението станува Литургија

Слово на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, изговорено на третиот ден од Светата Пасха, во Манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица, на 9/22 април 2025 лето Господово Возљубени во Христа Воскреснатиот, Според силата на неискажливата милост Божја, и денеска, во третиот ден од Светата Пасха, со радост и благодарност го славиме настанот…

Втор ден на Светата Пасха во Бигорски

„Воспејте Му на Господа песна нова, воспејте Му на Господа, Земјо цела! Воспејте Му на Господа; благословете го името Негово, благовестете го од ден на ден спасението Негово!“ Пасхалната радост како благодатна река го продолжува своето тивко, но силно течение, преобразувајќи и облагородувајќи сè што ќе допре, секоја душа, сето создание. Во Вториот ден на…

(Видео) Вечерна на љубовта

Осветлени од несоздадената светлина на Христовото Воскресение, озарени со топлината на благодатта што изобилно се излева во овој сепразничен и животодавен ден, нашите души треперат во радосен восхит, а умот ни е просветлен од вечниот блесок на невечерниот Ден. Со благодарност и тивка песна, со зборови кои едвај можат да го искажат неискажливото, Го славиме…

(Видео) Воскресение Христово – Света Пасха

„Дојдете, примите светлина од невечерната Светлина, и благословете Го Христа, Кој воскресна од мртвите!“ Во болскотот на оваа ноќ посветла од сите дни, кога сета твар замолчува пред славата на непобедливата Светлина, Свештената Бигорската Обител повторно беше озарена од нетварната убавина на Воскресението Христово. Во мигот кога насекаде се слушна победоносниот повик: „Христос Воскресе!“, целиот…

Воскресението како повик: станете нова твар!

Слово на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј на Света Пасха 2025 ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! Силни и суштествени зборови! Зборови со огромна преобразувачка моќ! Само во Христијанството, само во светлината на Евангелието, поимот Воскресение не е само збор, туку и нешто докажано и доживеано. Кога се поздравуваме меѓусебно со поздравот на победата Христос Воскресе, го изговараме…

(Видео) Света и Велика Сабота

Во Светата и Велика Сабота, кога сета твар таинствено молчи пред величието на Христовиот одмор во Гробот од сеспасителното дело, Бигорската Свештена Обител го проживува врвот на очекувањето, мигот пред космичкиот блесок на Животот. Вечерта на Велики Петок, со свештен трепет и неспоредлива духовна убавина, беше отслужено последованието на Оплакувањето Христово. Пред цветно сплетениот епитаф…

(Видео) Свет и Велики Петок

Денес созданието Го распна на Крст својот Создател. Што поужаснувачко видело Сонцето, кое светлината си ја сокри? Што покрваво доживеала Земјата, која се затресе и распукна? Со што може да се спореди ова недело, достојно за вечна казна и мачење. А Он, пречистиот, премилостивиот, безгрешниот: „Прости им, Отче, оти не знаат што прават“. О, ужасно…

(Видео) „Денес виси на дрво…“ – ново духовно-уметничко дело во чест на Распнатиот

Со благослов и по иницијатива на нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, реализирано е уште едно прекрасно дело во кое се преплетуваат духовноста, уметноста и молитвата. Во чест на денешниот свет и потресен спомен на Страданијата и Распетието Господово – Светиот и Велики Петок – беше сотоворена автентична музичка изведба на величествената црковна стихира:…

Велигден не е време за профит, туку за милосрдие

Почитувани, Свештената Бигорска Обител, како и секоја година, така и сега, се придружува на апелите на властите и на поединечни организации за поевтинување на основните прехранбени производи во пресрет на најголемиот христијански празник – Воскресението Христово. Веруваме дека празничната радост треба да биде достапна за сите, вклучително и за оние кои се во потешка материјална…

Патријаршиско послание за Света Пасха 2025

† Β Α Ρ Т Ο Λ Ο Μ Е Ј ПО МИЛОСТА БОЖЈА АРХИЕПИСКОП НА КОНСТАНТИНОПОЛ – НОВ РИМ И ВСЕЛЕНСКИ ПАТРИЈАРХ ДО СЕТА ПОЛНОТА НА ЦРКВАТА, БЛАГОДАТ, МИР И МИЛОСТ ОТКАЈ СЛАВНО ВОСКРЕСНАТИОТ ХРИСТОС * * * Најчесни браќа архиереи и благословени чеда во Господа, По милоста и силата Божја, препловувајќи го во молитва и пост морето на Светата и Велика Четириесетница,…

Свет и Велик Четврток

Длабока тишина ја прободува оваа ноќ. Ветрот како да го задржува својот здив, а ѕвездениот сјај не успева да се пробие низ мрачното небо. Целото создание молчи пред делата што се извршуваат врз Создателот. Ова е ноќ на надумна љубов. Но и вечер на предавство. Христос им ги мие нозете на Своите ученици. Бог преклонува…

Пасхално послание од Архиепископот г. г. Стефан

† СТЕФАН,ПО МИЛОСТА БОЖЈА,АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГАДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТОИ ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ –ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! Јас сум воскресението и животот. Оној што верува во Мене, и да умре, ќе живее.   Возљубени празникољупци,…

(Видео) Света и Велика Среда – последен повик за опростување

Според семилосрдната благодат Божја, еве сме на прагот на најсветите денови, подготвени да се нурнеме во сострадалната тишина којашто ни го распарува срцето. Во оваа свештена ноќ, гледаме како се остваруваат древните пророштва за страдањата, Крстот и Воскресението. Со недели Црквата нè подготвуваше, повикувајќи нè кон засилена молитва и покајание. И не само што нè…

Светиот и Велик Вторник

Непосредно пред Своите спасоносни страданија, нашиот Спасител и Господ, откако влезе во градот Ерусалим весело пречекан со „Осана“, им зборува на Своите ученици за крајот на овој свет, искажувајќи параболи преку кои ќе се поучат. Имено, преку Евангелското читање за Светиот и Велик Вторник, светите и богоносни Отци одредиле да се чујат параболите за слугите…

(Видео) Свет и Велик Понеделник

Денот што пред нас се открива го сведочи неискажливото снисходење на нашиот Господ. Денес, облечениот во Божество прифаќа да се облече во облеката на страдањата, за преку страдањата нас да нè избави. Тргнува да се распне на Крст и да вкуси смрт, за да го симне од нас товарот што со векови го носевме и…

Дебар Го пречека Царот на мирот – Осана во висините!

Денес небесна радост се слеа врз славниот Дебар. Денес градот, како некогаш древниот Ерусалим, ги отвори своите срца пред Оној Кој доаѓа во името Господово. Со раширени срца и со расцутени души, како некогашните еврејските деца кои со палмови гранчиња весело мавтаа, извикувајќи: „Осана во висините! Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово!“ –…

Триумфот на животот – влегувањето на Вечниот Цар

Слово на Неговото Преосвештенство, Епископ Антаниски г. Партениј, изговорено во неделата на Цветници, во храмот Успение на Пресвета Богородица во Дебар, на 31/13 април 2025 лето Спасителово Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Благодатта на Светиот Дух нè собра денес сите заедно, возљубени, од различни краишта на нашата мила Татковина, овде, во…